Arts Hub е место за спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците и сите оние што се заинтересирани да го искусат креативниот процес ќе можат да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини. Arts Hub ќе обезбеди достапен простор за собирање и континуирана работа. Учесниците ќе се собираат околу многу заеднички интереси, како што се визуелнитe уметности, музиката и изведувачките уметности итн.
Главна цел на проектот е да се мотивираат уметниците кои што работат во различни уметнички дисциплини да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност, специфичните форми на театар, аудио продукцијата и аудио подкаст, фотографија и видео и како и тоа да се поттикнат, користејќи го стекнатото искуство низ едукативниот процес да создадат свои партиципативни проекти преку кои ќе имаат импакт во заедницата и ќе делуваат во подигање на свеста за разни социјални и политички теми и проблеми. Следствено, проектот ќе ги задоволи потребите за комуникација на проблемите со публиките и јавноста преку уметничките проекти во насока на подигнувањето на свеста за проблемите; мобилизација на уметничката сцена која во соработка со активното граѓанството ќе создаде партнерства и воспостави отворени врски со групите засегнати од проблематиките што проектите ги таргетираат; охрабрување на разни целни групи во иднина сами да се борат за каузите во кои веруваат и делуваат, како и да се поттикнат и да започнат да размислуваат како самоиницијативно можат да го подобрат квалитетот на животот во нивните заедници.
Овој проект ќе се стреми кон напуштање на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката.
Покрај овие главни програмски активности проектот има за цел да придонесе кон интензивирање на соработката на КСП Центар-Јадро со својот соосновач ЈАДРО Асоцијација и ускладување на заедничкиот настап во застапувачките активности насочени кон обезбедување подобра положба и одржливост на независниот културен сектор и неговата продукција.