Skip to main content

Општи услови за користење

 

Ве молиме, внимателно прочитајте ги општите услови за користење

Ресурсите на KСП Центар-Јадро може да ги користи секој што ги исполнува условите опишани овде, чии програми припаѓаат на областите што се тука дефинирани и сите оние кои ги следат основните принципи и вредности презентирани овде.

 

Почитување на човековите права и граѓанските слободи

Сите програми што се oдржуваат во просторот треба да се засноваат на почитување на човековите права и граѓанските слободи. Така што, програмите што шират омраза или нетолеранција врз расна, верска, национална, сексуална, полова или други основи, ќе бидат исклучени.

 

Достапност

Програмите што се одвиваат во овој простор треба да бидат достапни за најшироката можна популација, а особено за економски послабите и социјално загрозените групи.

 

Партнерство

КСП Центар-Јадро ги гледа корисниците како свои партнери и ќе се обиде со секоја организација  да воспостави однос заснован на соработка и меѓусебна доверба.

 

Професионалност

КСП Центар-Јадро се залага за професионалност и почитување на правилата на дејноста, во согласност со своите можности и состојбата на ресурсите што им се на располагање. КСП Центар-Јадро исто така очекува корисниците да дејствуваат професионално и одговорно во спроведувањето на програмата, при што особено внимание ќе се посвети на почитување на договорот и на информирање на јавноста за конкретната програма. Во случај на непочитување на овие принципи, Програмскиот совет може да одлучи за некој индивидуален корисник да го запре користењето на ресурсите на КСП Центар-Јадро за одреден период.

 

Носители на програмите кои се реализираат во КСП Центар-Јадро може да бидат:

  • здруженија,
  • уметнички организации,
  • неформални групи,
  • поединци и
  • други субјекти.

Јавните установи можат да ги користат ресурсите само по исклучок (кога се работи за соработка со организации од независната сцена или за посебни програми) и под услови кои посебно се договараат.

 

Предложените програми и содржини мора да припаѓаат на следниве подрачја на делување:

  • современа уметност и култура,
  • образовни и информативни програми кои се важни за унапредувањето на квалитетот на живот на граѓаните и заедницата,
  • образовни програми наменети за развој на капацитетите на организациите од граѓанското општество, од различни области (со приоритет за областите култура и социјални прашања).

Ресурсите на КСП Центар-Јадро не можат да се користат за религиски програми и собири на организации на здружанија или други субјекти кои во својата примарна ориентација се со религиски карактер, односно кои промовираат поединечна религија. Исто така, не можат да ги користат ниту политички партии, како ни било која организација која промовира одредена политичка опција или партија.

 

Програмски приоритети-според типот на програма

Во случај за ист термин да се пријават повеќе програми, предноста ќе се дава според типот на програми, и тоа според следнава листа на приоритети:

  • Јавни програми-случувања отворени за пошироката јавност (уметнички настани, предавања, јавни трибини и сл.)
  • Работилници и собири-програми наменети за помала, затворена група корисници (работилници и други собири)
  • Работно-продукциски програми-проби, уметнички истражувања и слично
  • Медиумски конференции и слични јавни презентации
  • Работни состаноци на организации, проектни тимови и сл.

 

Програмски приоритети-дополнителни критериуми

Доколку за ист термин се пријават повеќе програми од ист тип, предноста ќе ја имаат програмите според следниве критериуми:

  • Континуирана или повеќекратна соработка на носителот на програмата со КСП Центар-Јадро,
  • Значeњето на програмата за програмскиот профил на КСП Центар-Јадро