Skip to main content

Вештини за оживување | Видео проекција и презентација на проектот на Клелија Живковиќ

Registrations have closed.
Вештини за оживување | Видео проекција и презентација на проектот на Клелија Живковиќ

Вештини за оживување | Видео проекција и презентација на проектот на Клелија Живковиќ

by
1334 1334 people viewed this event.

Вештини за оживување

Видео проекција и презентација на проектот
на Клелија Живковиќ
30 мај (четврток) | 20.00 часот

„Вештини за оживување“ е партиципативен уметнички проект и метод чија авторка е Клелија Живковиќ, а учесници и ко-автори се Никола Игновски, Христина Крстевска, Крсто Глигорјадис и Магдалена Таневска. Во текот на изминативе три месеци, петчлениот тим го истражуваше сопственото и колективното оживување преку методи инспирирани од изведувачките уметности. Секој од членовите на тимот дефинираше своја „вештина за оживување“ – одлука, избор или дозвола да ја напушти состојбата на преживување и целосно и бунтовно да оживее. Отфрлајќи ја заблудата дека да бидеме живи значи да се чувствуваме добро, се поддржуваме едни со други и си овозможуваме да чувствуваме сѐ, згрижени во нашата безбедна заедница.

Оживувањето, како вродена карактеристика на живиот свет, е нешто што нѐ обединува нас луѓето со остатокот од живиот свет. Во сегашноста натежната од неправди, насилство и експлоатација, нашата цел е да ги прикажеме овие вештини за оживување како избори кои може секој да ги адаптира на своите можности и потреби и, спротиставувајќи им се на насилните и опресивните системи, да ги преземе како чекор кон светот кој оживува.

Краткиот филм кој произлезе од истражувачкиот процес премиерно ќе биде прикажан во КСП Центар-Јадро на 30.5.2024 во 20.00 часот.

Овој проект се реализира од месец јануари до мај во рамки на програмата Артс Хаб, на КСП Центар- Јадро, а се остварува со финансика поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Клелија Живковиќ (1989) е трансдисциплинарна дизајнерка од Скопје. Таа ја истражува улогата на дизајнот во обликувањето на општествената и еколошката реалност преку применување на прототипирањето како истражувачки и продукциски формат. Нејзиниот последен проект „Прототипирање на нежноста: личен запис од светот во изумирање“, уметничка книга и изложба поддржани од Студио Приватен Принт, го документира нејзиниот увид во нежноста како квалитет на граница помеѓу две битија, битие и опкружувањето итн. Во 2022 година АИКА Македонија ѝ ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“, за нејзиниот истражувачки проект „Дизајн за оживување“, кој ги мапира современите дизајн практики и интерсекционалната екологија кон развивање на дизајн методологија која се занимава со светот обликуван од широката потрошувачка и исцрпувачка на ресурси.


Skills for Resurgence
Video Projection and Presentation
of the project by Klelija Zivkovic
30 May (Thursday) | 20.00 h

“Skills for Resurgence” is a participatory art project and method by Klelija Zivkovic, and Nikola Ignovski, Hristina Krstevska, Krsto Gligorjadis, and Magdalena Tanevska as co-authors and participants. Over the past three months, the five-member team has explored their own and the collective resurgence through methods inspired by the performing arts. Each of the participants defined their own “resurgence skill” – a decision, a choice, or a permission to leave the state of surviving and to revive fully and rebelliously. Rejecting the misconception that being alive means feeling good, we support each other and allow ourselves to feel everything, while being taken cared for in our safe community.

Resurgence, as an inherent characteristic of the living world, is something that unites us humans with the rest of the living world. In the present burdened by injustice, violence and exploitation, our aim is to present these resurgence skills as choices that everyone can adapt to their opportunities and needs and, by opposing violent and oppressive systems, take as a step towards the world that comes alive.

The short film that resulted from the research process will premiere at SCS Centar-Jadro on May 30, 2024 at 8:00 p.m.

This project is realized from January to May within the Arts Hub program of SCS Centar-Jadro and is realized with the financial support of the Open Society Foundation- Macedonia.

Klelija Zivkovic (1989) is a transdisciplinary designer from Skopje. She explores the role of design in shaping social and environmental reality by applying prototyping as a research and production format. Her latest project “Prototyping Tenderness: A Personal Record of a World in Extinction”, an art book and exhibition supported by Studio Private Print, documents her insight into tenderness as a boundary quality between two beings, being and environment, etc. In 2022 AIKA Macedonia awarded her the “Ladislav Barisic” award, for her research project “Design for Resurgence”, which maps contemporary design practices and intersectional ecology towards developing a design methodology that deals with the world shaped by widespread consumption and exhausting resources.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-05-30 @ 20:00 to
2024-05-30 @ 22:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends