Skip to main content

Svi ćemo umrijeti | Stand-up комедија со Миранда Лончар (БиХ)

Registrations have closed.
Svi ćemo umrijeti | Stand-up комедија со Миранда Лончар (БиХ)

Svi ćemo umrijeti | Stand-up комедија со Миранда Лончар (БиХ)

by
724 724 people viewed this event.

16 декември 2023 (сабота) | 20.00 часот

Настапот и работилницата на Миранда Лончар се дел од Програмската размена, дел од проектот Регионална лабораторија: Нови културни простори и мрежи како двигатели на иновативен, одржлив и “bottom up“ развој за регионална соработка / РЕГ.лаб“, помеѓу Јадро – Асоцијација на независната култура сцена, Скопје и ОКЦ Абрашевиќ, Мостар.

Stand-up претставата „Svi ćemo umrijeti“ е интерактивна. Темите се љубов, раѓање, политика и смрт. Тонот и расположението на шоуто зависат од публиката и од општата атмосфера на вечерта. „Svi ćemo umrijeti“ е прослава на животот – дотолку повеќе што сите нè очекува смртта. Претставата е прилагодлива и може да им се допадне на сите, но сепак најсилно ја чувствуваат луѓето кои многу страдале во текот на животот – поточно тие што сè уште страдаат, критички насочените поединци, образованите и емпатични луѓе. Значи, накратко, жени и геј мажи 😉.

Миранда Лончар (р. 1976) доаѓа од Мостар, БиХ. Таа се занимава со stand-up комедија од 2008 година, а коментарите се дека ѝ оди добро во последните неколку години. Сака глупав хумор, но сепак да има некоја порака. Ја сака секоја публика, а омилена ѝ е онаа која гласно се смее: луѓе кои ширум ја отвораат устата, неоптоварени со својот изглед во моментот на напад на смеа. Комедијата во живо е игра на заведување за двајца, така што на крајот на вечерта и публиката и изведувачот се разголуваат низ смеа. Таа блискост ја возбудува г-ѓа Лончар, барем малку, затоа што веќе со години е во брак.

Проектни партнери:
Kooperativa – regional platform for culture, Croatia
Anibar, Kosovo
Društvo Asocijacija, Slovenia
Asocijacija Nezavisna kulturna scena Srbije (NKSS), Serbia
ЈАДРО-Асоцијација на независна културна сцена, Северна Македонија
Savez udruga Operacija grad, Hrvatska
Omladinski kulturni centar Abrašević, Bosna and Hercegovina

Проектот REG.LAB е софинансиран од Европската Унија, како дел од отворениот повик за предлози EACEA 39/2019 Проекти за културна соработка во Западниот Балкан „Засилување на културната соработка и конкурентноста на културните и креативните индустрии во Западниот Балкан“. Повикот за предлози е во целост финансиран преку Инструментот за помош пред придружување (IPA II).

 


Svi ćemo umrijeti
A stand-up comedy show with Miranda Lončar (BIH)

16 December (Saturday) | 20.00h

 

Miranda Lončar’s stand-up and workshop are part of the Program exchange, part of the Regional Laboratory Project: New cultural Spaces and Networks as Drivers of Innovative, Sustainable and “Bottom up” Development for Regional Cooperation / REG.LAB”, between Jadro – Association of the Independent Cultural Scene, Skopje and OKC Abrašević, Mostar.

“We are all going to die” (Svi ćemo umrijeti) is an interactive stand-up performance. The themes are love, birth, politics and death. The tone and mood of the show depends on the audience and the general atmosphere of the evening. “We are all going to die” is a celebration of life – even more because death awaits us all. The show is adaptable and can appeal to everyone, but it is felt most strongly by people who have suffered a lot in their lifetime – namely those who are still suffering, critically oriented individuals, educated and empathetic people. So, basically, women and gay men 😉.

Miranda Lončar (b. 1976) comes from Mostar, BiH. She has been doing stand-up comedy since 2008, and the comments are that she has been doing well for the past few years. She likes silly humor, but one that still carries a message. She loves any audience, and her favorites are the ones that laugh out loud: people who open their mouths wide, unbothered by their appearance at the moment of a fit of laughter. Live comedy is a game of seduction for two, so that at the end of the evening both the audience and the performer are naked through laughter. That closeness excites Mrs. Lončar, even for a bit, because she has been married for years.

Project partners:
Kooperativa – Regional Platform for Culture, Croatia
Anibar, Kosovo
Društvo Asocijacija, Slovenia
Asocijacija Nezavisna kulturna scena Srbije (NKSS), Serbia
JADRO – Association of the Independent Cultural Scene, North Macedonia
Savez udruga Operacija grad, Croatia
Omladinski kulturni centar Abrašević, Bosnia and Hercegovina

The REG.LAB project is co-financed by the European Union, as part of the open call for proposals EACEA 39/2019 Projects for cultural cooperation in the Western Balkans “Strengthening Cultural Cooperation and Competitiveness of Cultural and Creative Industries in the Western Balkans”. The call for proposals is fully funded through the Instrument for Pre-Accession Assistance (IPA II)

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-12-16 @ 20:00 to
2023-12-16 @ 22:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends