Skip to main content

Форми на системот | Самостојна изложба на Иван Аџиевски

Registrations have closed.
Форми на системот | Самостојна изложба на Иван Аџиевски

Форми на системот | Самостојна изложба на Иван Аџиевски

by
747 747 people viewed this event.

9 декември 2023 (сабота) | 19.00 часот

„Форми на системот“ е мултимедијална концептуална изложба во која преку ликовната уметност, инсталациите, скулптурата, како и видеопроекција се прави обид на пошироката јавност да ѝ се покаже критицизам на реалната состојба на коруптивниот неправичен систем со праќање порака за надминување на таквата состојба. Корупцијата се перципира како најголемо општествено зло и закана за правната држава. Феноменот на корупцијата се смета не само како морално штетен туку и како причина за нефункционирање на институциите на системот и како сериозен економски и политички проблем (la fraude erigee en systeme). Корупцијата го еродира владеењето на правото и сериозно ги повредува човековите права бидејќи со неа се врши пренасочување на јавните средства наместо за решавање на основните потреби на граѓаните, за коруптивни активности и за нелегално збогатување на поединци или групи (бизнисмени и други центри на моќ). Борбата против корупцијата значи заштита на основните човекови права, гарантирани со Универзалната декларација за човекови права, како што се правото на образование, здравствена заштита, социјална заштита, чиста животна средина, добра инфраструктура, сигурност и сл.

Изложбата „Форми на системот“ овозможува искористување на моќта на уметноста и културата за охрабрување на граѓанска акција против корупцијата. Таа процесира идеја/провокација кај уметниците, активистите и новинарите креативно да се вклучуваат во антикорупциските прашања, да изградат меѓусекторски релации и подобро да ја разберат улогата на креативната акција и како таа влијае врз перцепцијата на јавноста за корупцијата.

Цел на проектот е поттикнување на јавниот дијалог за надминување на корупцијата и неправичноста на централно и на локално ниво од правниот систем како социјален проблем, како и стимулирање повисока свест кај јавноста за овој проблем како пречка за евроинтеграција.

Уметничките слики претставени на изложбата се изработени во различни формати од алтернативни сликарски материјали на платно. На нив се застапени алуминиумски и бакарни плочи во неправилни форми на кои се принтани цитати /фрази од актуелното позитивно право, а јавноста може да се запознае со примери од судската правна практика и судската статистика. На дел од плочите се принтани и филозофски мисли на филозофи/мислители што имаат цел да потикнат креативен активизам против неправичноста на правниот состем.

Во централниот дел на галеријата е поставена скулптура – стилизирана претстава на божицата на правдата Јустиција изработена од кородиран метал симболизирајки го неправичниот корумпиран судски корозивен систем каде што правдата и правичноста се дефакторизирани и крајно маргинализирани. Сликите и скулптурата се придружени од инсталации – колаж од фотографии од пораки на активисти (CSU) против корупцијата поставени на јавен простор преку кои граѓаните на еден креативен начин го креваат гласот против овој општествен проблем.

Во видеопроекцијата се прикажуваат фрагменти од уметничките слики и таа завршува со приказ на скулптурата – божицата на правдата Јустиција.

Отворањето на изложбата „Форми на системот“ е на 9 декември – Светскиот ден за борба против корупцијата во КСП Центар-Јадро. Изложбата „Форми на системот“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, дел од „Програмата за визуелни уметности од национално значење за 2023 година“.

Иван Аџиевски (Скопје, 1985) завршува правен факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 2009 година. Во водите на сликарството влегува во 2018 година со реализација на својата прва самостојна изложба „Beauty Spot“ во галерија Концепт 37 каде беа изложени дела работени во комбинирана техника акрил на платно со престава на женски лик и акт во експесионистички и кубистички манир.

На својата втора самостојна изложбa „Beauty Spot II“ во 2022 година во КСП Центар-Јадро престави 24 слики работени во различни сликарски медиуми и материјали со делумна апстракција и енформел кои беа продолжување на претходната матрица на насликани портрети на девојки и женски акти кубистички претставени.

На третата самостојна мултимедијална концептуална изложба „Форми на системот“ која е дел од програмата за визуелни уметности од национално значење за 2023 година авторот се преставува со слики, инсталации, скулптура и видео проекција кои имаат за цел потикнување на јавен диалог и креативен активизам за надминување на корупцијата како економски и политички проблем.


Forms of the System
A solo exhibition by Ivan Adzievski

9 December 2023 (Saturday) | 20.00h

“Forms of the System” is a multimedia conceptual exhibition in which works of fine art, installations, sculpture, and a video projection, form an attempt that shows the general public a critique of the corrupt and unjust system by sending a message how to overcome such a condition. Corruption is perceived as the greatest social evil and a threat to the rule of law. The phenomenon of corruption is considered not only as morally harmful but also as a reason for the non-functioning of the institutions of the system and as a serious economic and political problem (la fraude erigee en systeme). Corruption erodes the rule of law and seriously violates human rights because it diverts public funds instead of solving the basic needs of the citizens, for corrupt activities and for the illegal enrichment of individuals or groups (businessmen and other centers of power). The fight against corruption means the protection of basic human rights, guaranteed by the Universal Declaration of Human Rights, such as the right to education, health care, social protection, a clean environment, good infrastructure, security, etc.

The exhibition “Forms of the System” uses the power of art and culture to encourage civil action against corruption. It processes an idea/provocation among artists, activists, and journalists to creatively engage in anti-corruption issues, build cross-sector relationships and better understand the role of creative action and how it affects public perception of corruption.

The aim of the project is to encourage public dialogue to overcome corruption and injustice at the central and local level of the legal system as a social problem, as well as to stimulate a higher public awareness of this problem as an obstacle to European integration.

The paintings presented at the exhibition are made in different formats from alternative painting materials on canvas. They feature aluminum and copper plates in irregular shapes on which quotes/phrases from the current positive law are printed, and the public can familiarize themselves with examples from court legal practice and court statistics. Philosophical thoughts of philosophers/thinkers are also printed on some of the plates, which aim to encourage creative activism against the injustice of the legal system.

A sculpture is placed in the central part of the gallery – a stylized representation of Justitia, the goddess of justice made out of corroded metal symbolizing the unjust judicial corrosive system where justice and fairness are defactored and extremely marginalized. The paintings and sculpture are accompanied by installations – a collage of photographs of messages against corruption from activists (CSU), placed in a public space, through which citizens raise their voices against these social problems in a creative way.

The video projection shows fragments of the paintings and it ends with a display of the sculpture – the goddess Justitia.

“Forms of the System” will be opened in SCS Centar-Jadro on 9 December – the International Anti-Corruption Day. The exhibition is supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia, part of the “Visual Arts Program of National Importance for 2023”.

Ivan Adzievski (Skopje, 1985) completed his studies in law at the Ss. Cyril and Methodius University in 2009. He begins to develop an interest in the arts at a young age, but he doesn’t officially enter the art world until his 2018 exhibition “Beauty Spot” in the Concept 37 gallery, where he displayed his first collection of paintings in acrylic on canvas using a combination of techniques, displaying a portrait of a woman and a series of acts painted in a cubistic and expressionist style.

His “Beauty Spot 2” exhibition at KSP Centar-Jadro in 2022 had 24 paintings he created using a variety of art mediums and materials in an enformel and partial abstraction approach. These paintings continue the theme of his earlier portrait and cubic-styled woman’s act paintings.

The author presents a variety of paintings, art installations, sculptures, and videos at his third multimedia conceptual exhibition, “Forms of the System”, which is a part of the national program of visual arts for 2023, with the goal of generating public discourse and creative activism to address corruption as a major economic and political issue.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-12-09 @ 20:00 to
2023-12-09 @ 22:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends