Skip to main content

Читачка група – иницијатива за критичко мислење | Воведно јавно предавање на Катерина Шекутковска

Registrations have closed.
Читачка група – иницијатива за критичко мислење | Воведно јавно предавање на Катерина Шекутковска

Читачка група – иницијатива за критичко мислење | Воведно јавно предавање на Катерина Шекутковска

by
1343 1343 people viewed this event.

Читачка група –иницијатива за критичко мислење

Воведно јавно предавање на Катерина Шекутковска
16 април (вторник) | 19.00 часот

Тема за читачката група во 2024 ќе биде „Феминизам и студии за животните.“ Во продолжение на циклусот средби на читачката група која постои од 2021 година и се занимава со анализа на современи теориски идеи, КСП Центар-Јадро и во 2024 година ќе формира група на читатели кои јавно ќе дискутираат на тема од актуелната културолошка и социолошка теорија. Како и во изминатите години, фокусот на истражувањето е насочен на текстови кои не се издадени на македонски јазик и/или ретко се тематизираат. Јавниот карактер на настаните цели кон отворање на овие идеи и теми, но и кон културата на дискусија за пошироката публика па така и оваа година ќе ја поттикнеме заедницата да партиципира на средбите кои ќе се одржуваат во просториите на Центарот. Своите анализи и заклучоци групата ќе има можност да ги комуницира со заедницата преку јавните дискусии, а на крајот на работниот процес, најредовните учесници ќе напишат текстови за темите кои ќе бидат во фокусот на средбите. Потоа, текстовите ќе бидат објавени на веб-сајтот на КСП Центар-Јадро.

Катерина Шекутковска (Скопје, 1988) го стекнува додипломското образование на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при катедрата за германски јазик и книжевност. По едносеместралниот престој на Универзитетот во Констанц (Германија) таа ги започнува своите постдипломски студии на катедрата за германска книжевност и медијација на книжевноста на Универзитетот во Бамберг (Германија). По завршување на практичниот дел од докторските студии (посетување на предавања, колоквиуми и конференции) како и по неколку годишната соработка како научен истражувач и предавач на Универзитетот во Бамберг, таа моментално работи на својата докторска дисертација како и на преведувачки и истражувачки проекти. Во 2022 година таа ја основа издавачката куќа „Илика“ каде фигурира како главна и одговорна уредничка. Во фокусот на нејзината работа стои интердисциплинарноста која произлегува од повеќегодишното академско искуство и практичната работа во полето на издаваштвото и театарот. За време на тригодишната работа како претставничка на докторадите на школата за книжевност, култура и медиуми при Универзитетот во Бамберг таа организирала читачки кружок за теориска литература и салонски дискусии во чии рамки се тематизирале феномени и проблематики кои произлегуваат од пресекот помеѓу теоријата и уметностите. За својата работа како академска истражувачка и преведувачка таа е добитничка на повеќе стипендии (двократно стипендистка на ДААД, истражувачка стипендија „РАДИАЛ“ за преведувачи, резеденцијална стипендија од ЛЦБ Берлин итн.).


Reading Group – An Initiative for Critical Thinking, a public introduction lecture by Katerina Shekutkovska | 16 April (Tuesday) | 7 p.m.

The topic for the reading group in 2024 will be “Feminism and animal studies.” In continuation of the cycle of meetings of the reading group that exists since 2021 and deals with the analysis of modern theoretical ideas, SCS Centar-Jadro will also form a group in 2024 to readers who will publicly discuss a topic of current cultural and sociological theory. As in the past years, the focus of the research is on texts that have not been published in the Macedonian language and/or are rarely thematized. The public character of the events aims at opening these ideas and topics, but also at the culture of discussion for the wider audience, so this year we will encourage the community to participate in the meetings that will be held in the premises of our space. The group will have the opportunity to communicate its analyzes and conclusions with the community through public discussions, and at the end of the work process, the most regular participants will write texts about the topics that will be the focus of the meetings. Then, the texts will be published on the website of SCS Centar-Jadro.

Katerina Shekutkovska (Skopje, 1988) obtained her undergraduate education at the Faculty of Philology “Blaze Koneski” in Skopje at the Department of German Language and Literature. After a one-semester stay at the University of Konstanz (Germany), she began her postgraduate studies at the Department of German Literature and Literary Mediation at the University of Bamberg (Germany). After completing the practical part of her doctoral studies (attending lectures, colloquiums, and conferences) as well as several years of collaboration as a scientific researcher and lecturer at the University of Bamberg, she is currently working on her doctoral dissertation as well as on translation and research projects. In 2022, she founded the “Ilika” publishing house, where she appears as the main and responsible editor. The focus of her work is interdisciplinarity, which stems from many years of academic experience and practical work in the field of publishing and theater. During the three-year work as a representative of the doctoral students of the School of Literature, Culture and Media at the University of Bamberg, she organized a reading group for theoretical literature and salon discussions in which phenomena and problems arising from the intersection between theory and the arts were thematized. For her work as an academic researcher and translator, she is the recipient of several scholarships (a two-time DAAD scholarship holder, a “RADIAL” research scholarship for translators, a residential scholarship from LCB Berlin, etc.).

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-04-16 @ 19:00 to
2024-04-16 @ 21:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends