Skip to main content

Beatrix Specials Vol. 7 | Битрикс Танцова Лига | Работилници и All Styles Battle

Registrations have closed.
Beatrix Specials Vol. 7 | Битрикс Танцова Лига | Работилници и All Styles Battle

Beatrix Specials Vol. 7 | Битрикс Танцова Лига | Работилници и All Styles Battle

by
690 690 people viewed this event.

11 – 12 ноември 2023 (сабота и недела)

„Битрикс Спешлс“ е платформа на Културно-уметнички Центар Битрикс, која креира контекст за соработка и размена на знаење помеѓу локалните танчари и кореографи од современата и урбаната танцова сцена. Започната како иницијатива за сплотување на сцената, низ годините „Битрикс Спешлс“ прераснува во платформа која секоја година нуди над дваесетина работилници достапни за сите танчари и кореографи кои имаат потреба да го надополнат своето знаење, но и да се афирмираат на сцената како креатори. Досега преку платформата, многу млади креативци ја добиле првата шанса да создадат свои танцови дела, но, ги направиле и првите чекори во предавање.

Овогодинешното издание ќе се реализира во соработка со интернационалниот танцов камп и фестивал „Битрикс Танцова Лига“ чија цел е пак да создаде контекст за соработка на локалната со интернационалната танцова сцена. Поврзувајќи ги двете програми, во времетраење од еден месец, Битрикс ќе опфати локална и интернационална програма. Така, на 11 и 12 ноември, во просториите на КСП Центар-Јадро ќе се реализира интернационалниот викенд во кој работилници ќе одржат предавачи од: Холандија (соработка со Универзитет Фонтис) – Мишел де Вал и Миное Босник, потоа Австрија (Александар Теш) кој ќе одржи предавање по хаус, Ракел Ариас – Раки која ќе одржи предавање по векинг (Мексико/Швајцарија). Дополнително работилници ќе одржат Ивана Балабанова за импровизација во современ танц и Тамара Гвозденович (Швајцарија/Белгија) која ја препознаваме по нејзината кариера во реномираните танцови компании Пипинг Том, Табеа Мартин, но и преку нејзината организација Ле.Фактеур преку која во Париз, Брисел и Нешател организира танцови работилници и продукции со колегите од интернационалната сцена.

 

Во сабота, 11 ноември, пошироката јавност ќе има можност да присуствува на All Styles Battle – танцова битка во соло импровизација (фристајл) во просториите на КСП Центар-Јадро.

 

Програмата е поддржана од Битрикс Културен Центар и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

 


Beatrix Specials Vol. 7

Beatrix Dance League | Workshop and All Styles Battle

11 – 12 November 2023 (Saturday and Sunday)

 

“Beatrix Specials” is a platform of the Beatrix Cultural and Artistic Center, which creates a context for cooperation and exchange of knowledge between local dancers and choreographers from the contemporary and urban dance scene. Started as an initiative to bring together the scene over the years “Beatrix Specials” has grown into a platform that every year offers more than twenty workshops available to all dancers and choreographers who need to improve their knowledge, but also to assert themselves on the stage as creators. So far, through the platform, many young creatives got their first chance to create their own dance works, but also took their first steps in teaching.

This year’s edition will be realized in cooperation with the international dance camp and festival “Beatrix Dance League”, whose goal is to create a context for cooperation between the local and the international dance scene. By connecting the two programs, Beatrix will cover a local and international program for a period of one month. Thus, on 11 and 12 November, at SCS Centar-Jadro, the international weekend will be realized, during which workshops will be held by lecturers from: the Netherlands (collaboration with Fontis University) – Michel de Waal and Minoe Bosnik, then Austria (Alexander Tesch) who will give a lecture on House, Raquel Arias – Raki who will give a lecture on Viking (Mexico/Switzerland). In addition, workshops will be held by Ivana Balabanova on improvisation in contemporary dance and Tamara Gvozdenovik (Switzerland/Belgium), who is known for her career in the renowned dance companies Peeping Tom, Tabea Martin, but also through her organization Le.Fakteur through which in Paris, Brussels and Nechatel organizes dance workshops and productions with colleagues from the international scene.

 

On Saturday, November 11, the general public will have the opportunity to attend the All Styles Battle – a dance battle in solo improvisation (freestyle) in the premises of SCS Centar-Jadro.

 

The program is supported by Beatrix Cultural Center and the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-11-11 @ 10:00 to
2023-11-12 @ 22:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends